Со самиот пристап на интернет страницата на ДООЕЛ Гнасни Деца УвозИзвоз (www.outsourcevideoediting.com) и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.
ДООЕЛ Гнасни Деца Увоз-Извоз ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.
Политика за заштита на личните податоци на корисниците на картички
ДООЕЛ Гнасни Деца Увоз-Извоз (www.outsourcevideoediting.com) ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. ДООЕЛ Гнасни Деца Увоз-Извоз не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.
Политика за заштита на доверливите податоци и информации
ДООЕЛ Гнасни Деца Увоз-Извоз (www.outsourcevideoediting.com) ги презема сите потребни мерки за заштита на личните податоци со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. ДООЕЛ Гнасни Деца Увоз-Извоз за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до какви било информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб-страницата на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за online плаќање.
Политика и услови на доставување на производите/услугите
Со релизација на нарачката и вршење на уплатата на саканиот производ, се смета дека е склучен договор помеѓу ДООЕЛ Гнасни Деца Увоз-Извоз и потрошувачот. Оваа политика се однесува на испорака на услуги порачани по електронски пат.
Политика на поврат на средства по трансакција со платежни картички
ДООЕЛ Гнасни Деца Увоз-Извоз ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата на електронската пошта: ivanlitovskii@gmail.com, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.